ФУДБАЛ

Бејл: Вонземјани постојат, ги кријат од нас

Фудбалерот на Тотенхем за официјалната веб-страница на клубот изјави дека вонземјани постојат.

Бејл е навистина чуден човек, различен од обичните фудбалери, тој го потврди ова тврдејќи дека вонземјаните постојат.

“Секако дека постојат теории на заговор, но има и снимки од НЛО. Тие беа објавени од американската влада. Дали се лажни? Не, сигурен сум дека постојат, јас лично сум видел неколку такви предмети. Исто така, знам дека има вонземјани, но некој ги крие. Можно е владите на големите земји да го прават тоа, но тие постојат. Убеден сум во тоа“, рече Бејл.

Бејл моментално е во Тотенхем, каде игра како позајмен играч на Реал Мадрид. Неговата судбина е непозната, но Реал не го сака назад, а прашање е дали Тотенхем има намера да го откупи неговиот договор.