ФУДБАЛ

Бекам станува агент, прв клиент е младата ѕвезда на Манчестер

Дејвид Бекам е подготвен да стане фудбалски агент.

Поранешниот капитен на англиската репрезентација формираше нова агенција со своите двајца блиски пријатели, а нивната цел е да управуваат со кариерите на младите играчи и да се грижат за нив.

Бекам (44) ја основаше компанијата наречена „Footwork Managment Ltd“, пред неколку месеци, со соработниците Дејвид Гарднер и почитуваниот експерт за односи со јавноста, Никола Хоусон. Фирмата ќе има седиште во Лондон.

„Мирор“ пренесува дека Бекам тргнал во деловна активност, а тој го сака младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд како свој прв клиент.

17-годишниот играч стана редовен играч на првиот тим на Јунајтед оваа сезона, правејќи го своето деби на крајот на минатата сезона.

Бекам нема агентно искуство, но формираше тим што ќе работи со играчи, клубови, кои ќе ги водат сите преговори.