Реал Мадрид денес дозна колку време ќе мора да игра без играчот од средниот ред, Џуд Белингем. Имено, Англичанецот се повреди вчера за време на натпреварот против Рајо Ваљекано, а денес официјално беше потврден степенот на повредата.
Белингем заработи повреда на бутниот мускул на левата нога и ќе отсуствува од терените најмалку еден месец.
Покрај натпреварите во Примера (Валенсија, Реал Сосиедад, Осасуна и Бенфика), тој ќе ги пропушти и двата натпревара од плејофот на Лигата на шампионите против Бенфика.
Неговото враќање се очекува на 1 март, на натпреварот против Хетафе.
Белингем оваа сезона на 26 натпревари има постигнато шест погодоци и четири асистенции во дресот на Реал Мадрид.
