ФУДБАЛ

Белингем: Добив и бустер, вакцинирајте се

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Џуд Белингам ги советува своите колеги да се вакцинираат против корона вирусот.

Младиот, 18-годишен Англичанец игра во Германија, каде 94 отсто од фудбалерите се ревакцинирани.

„Ние фудбалерите во општеството имаме простор да зборуваме јавно. Примив и бустер вакцина, сигурно. Не сакам ништо да пренесам на моето семејство, ниту пак сакам да пропуштам натпревари“, рече Белингам, додавајќи:

„Не е мое да им кажам на сите дека треба да се вакцинираат, тоа е личен избор. Сепак, сакам сите да бидеме безбедни, затоа би ги советувал моите колеги да се вакцинираат“.