Џуд Белингам (20) веќе на стартот од својот мандат во дресот на Реал Мадрид покажа дека ќе биде огромно засилување.
Англискиот офанзивен играч за врска призна дека му се допаѓаат работите во Мадрид и дека се чувствува одлично делумно и поради добрите игри во репрезентативниот дрес.
„Уживам во овој момент во фудбалот. Луѓето во клубот и репрезентацијата ми даваат слобода да играм како што сакам. Во последните неколку месеци работев на влегување во шеснаесетникот, како и можно, а кога го правам тоа, гладен сум за голови“, рече Белингам.
На 13 натпревари оваа сезона, вклучувајќи ги и клупските и репрезентативните, Белингем забележа 11 гола и четири асистенции.
„Морам да ги оправдам големите очекувања, бидејќи имав голем трансфер. Реал е клубот во кој сакам да играм во следните 10 до 15 години. Ми се допаѓа таму. Доаѓањето во Реал ме подобри. Кога сте покрај соиграчите на тој менталитет и квалитет секој ден, ве носи на едно ново ниво и психички, физички и технички“, заклучи Белингем.
