Напаѓачот на Бока Јуниорс, Дарио Бенедето се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност по уште еден скандалозен потег.
Овој 32-годишен напаѓач се врати во Бока Јуниорс на почетокот на оваа година од Марсеј, каде што не се прослави многу со своите настапи.
Но, и во клубот од Буенос Аирес не му оди како што очекуваше, а се почесто се наоѓа во центарот на вниманието поради скандалозните потези, а не головите кои навистина се очекуваат од него.
Бенедето минатиот викенд направи неверојатна работа бидејќи на полувремето од мечот меѓу Бока и Расинг се скара со својот соиграч Карлос Замбрано, па дури и полицијата мораше да реагира.
Аргентинските медиуми објавија дека се започнало кога играчите влегле во соблекувалната и почнале да се расправаат, а потоа Бенедето го удрил Замбрано во главата.
Бенедето беше човекот што Замбрано не играше како што треба во одбраната и го обвини дека е најслабата алка во тимот. Поради тепачката полицијата дошла во соблекувалната и успеала да ја смири ситуацијата.
Двајцата играчи останаа во игра, а на лицето на Замбрано се гледаше повредата која ја доби од ударот на Бенедето.

Исто така, Бенедето имаше и неколку модринки на вратот, што јасно покажува дека тепачката меѓу двајцата била жестока. Сепак, на многумина не им е јасно зошто тренерот Хуого Ибара веднаш не ги извади од игра поради нивното скандалозно однесување.
https://twitter.com/you14568/status/1558978610303844353?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1558978610303844353%7Ctwgr%5Ed86136eb05d91b9594b63fbdb87c0f043cfdbf5a%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fdario-benedetto-carlos-zambrano-tuca-svlacionica-policija%2F431969
Ибара по натпреварот потврди дека Бенедето и Замбрано имале конфронтација, но рече дека сето тоа било вербално и дека немало физички контакт.
“Знам дека имаше дискусија помеѓу Бенедето и Замбрано, но тоа е се што знам сега. Вакви дискусии секогаш постојат во тимови и сето тоа е нормално”, изјави Ибара, кој очигледно не бил свесен што навистина се случило.