Уште одамна се пишува дека неколку клубови се заинтересирани за услугите на Елиф Елмас. Италијанските медиуми тврдат дека Бенфика, Борусија Дортмунд и Лидс се екипите кои го посакуваат во своите редови. Дека има интерес за него, потврди и неговиот менаџер Џорџо Гарди.
Сепак, тој ги открива плановите за иднината.
-Неговата желба е да ја заврши сезоната во Наполи, значи до јуни, а потоа сака да се концентрира на настапите со репрезентацијата на ЕП 2020, вели Гарди.
Сепак, неговиот менаџер не даде конкретен одговор за италијанските медиуми, што ќе се случи по јуни и дали ќе остане во Наполи или ќе се пресели во некој од спомнатите клубови.