ФУДБАЛ

Бенфика доби поддршка од Волците за пресметката со Ливерпул

Бенфика доби вредна поддршка од Вулверхемптон пред четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул . Менаџерот на „волците“ Бруно Лаје беше тренер на португалскиот гигант од почетокот на 2019 година до летото 2020. Раководството на „орлите“ ги искористи контактите со специјалистот и клубот ги испрати сите достапни информации за Ливерпул до Лисабон .

Според „А Бола“ немало никаков контакт меѓу тренерите на двата тима, но се разговарало меѓу аналитичарите на двата тима. Бенфика ги анализираше добиените информации, кои се фокусираа на акциите во нападот на бековите Трент Александер-Арнолд и Ендрју Робертсон.

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите е вечерва во Лисабон, а реваншот следната недела на Енфилд.