ФУДБАЛ

Бенитез одби понуда од Премиер лигата

Шпанецот Рафаел Бенитез ја отфрли понудата за враќање во Премиер лигата.

Бенитез во текот на летото реши да ја замени Англија со Кина каде што го води Далјан Јифанг, но во последните денови се појавија шпекулации дека може да се врати за да го преземе Вест Хем.

Вест Хем веќе извесно време покажува очајни резултати, што доведува до тоа да биде 16-ти на табелата, а лидерите на лондонскиот клуб, врлија око на Бенитез како иден тренер, бидејки има многу искуство во Премиер Лигата.

Некои медиуми отишле дотаму што тврдат дека двете страни се близу до договор, но судејќи според она што го кажува „Скај Спорт“, нема да има ништо од целата приказна. Бенитез, наводно, во моментов не планира да ја напушти Кина од повеќе причини, пред се финансиски, затоа што тој во моментов има 12 милиони евра бонуси на годишно ниво.

Искусниот експерт го предводеше Вест Хем пред да замине за Кина. Меѓу другото, тој се обиде во Реал Мадрид, Наполи, Челзи, Интер, Милан, Ливерпул …

ПОВРЗАНО

Премиер Лига