Карим Бензема веќе неколку сезони е најдобар играч на Реал Мадрид.
По заминувањето на Кристијано Роналдо, францускиот напаѓач стана првата ѕвезда на кралскиот клуб, а игра во навистина фантастична форма.
Досега оваа сезона одигра 27 натпревари во сите натпреварувања и постигна дури 24 гола и покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во светот.
34-годишниот фудбалер има договор со Реал Мадрид до летото 2023 година, но кралскиот клуб е решен да му понуди продолжување на соработката. Бензема неодамна изјави дека нема ништо против да остане во овој клуб, но се чини дека тоа би можело да се промени.
https://youtu.be/ClcrTb-PrYI
Познато е дека кралевите сакаат да го засилат нападот ова лето и се очекува доаѓањето на Килијан Мбапе, кој треба да игра во тандем со Бензема.
Сепак, работите се сменија по шпекулациите дека Реал сака да го доведе Ерлинг Халанд, кој би бил жестока конкуренција за Бензема и сигурно нема да дојде во кралскиот клуб да седне на клупата.
Шпански Ел Национал утрово објави дека Бензема ги изненадил клупските челници кога им рекол дека ќе го напушти Реал Мадрид на лето доколку го доведат Халанд.
🚨 Karim Benzema has told Real Madrid that he wants to leave the club if they sign Erling Haaland this summer.
(Source: El Nacional) pic.twitter.com/ByrYrNSff2
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 17, 2022
Доаѓањето на Халанд веројатно би значело многу помала минутажа за Бензема, што очигледно на францускиот напаѓач воопшто не му се допаѓа поради фактот што веќе неколку сезони игра во навистина нереална форма.
Бензема во Реал Мадрид пристигна во летото 2009 година од Лион за 35 милиони евра, а со Кралевите освои речиси се што можеше.