Француската репрезентација синоќа одигра пријателски натпревар против Бугарија, а натпреварот го одбележа повредата на Карим Бензема.
На крајот од првото полувреме на синоќешниот натпревар, Бензема побара промена, што го загрижи многу селекторот на овој тим, Дидие Дешамп.
Искусниот напаѓач се пожали на повреда на коленото откако беше погоден во коленото на воздушен дуел. Бензема се обиде да го продолжи натпреварот, но не можеше и побара замена.
Според изразот на Бензема, откако тој го напушти теренот, беше јасно дека има силни болки, а навивачите беа загрижени дека може да го прпушти Европското првенство.
Бензема по шест години конечно се врати во националниот тим и навистина би било жално ако мора да го пропушти последниот турнир поради повреда.
После натпреварот Дешамп изјави дека Бензема добил прилично силен удар во мускулот над коленото.
“Тој доби удар, силен удар во мускулот над коленото. Чувствуваше болка и не сакавме да ризикуваме. Лекарите беа покрај него”, рече кратко Дешамп.
Сепак, денес, одлични вести пристигнуваат од таборот на француската репрезентација. Бензема беше подложен на детални прегледи на коленото и беше утврдено дека не станува збор за сериозна повреда.
Француските медиуми објавија дека Бензема е полесно повреден и ќе биде на тренинг за два-три дена.
🇫🇷 Sorti blessé contre la Bulgarie, Karim Benzema va reprendre le chemin de l’entraînement d’ici 48 à 72 heures maximum. Selon son entourage, le muscle a dégonflé cette nuit et la douleur était moins importante.
— RMC Sport (@RMCsport) June 9, 2021
Синоќа Бензема ја прими својата прва терапија од лекар, а утрово рече дека болката е многу помала и дека се чувствува подобро. Откако ги направи прегледите, можеше да здивне бидејќи би бил подготвен за почетокот на Европското првенство.
Французите се пласираат во група со Германија, Унгарија и Португалија.
Изборот на Дидие Дешамп го отвора шампионатот следниот вторник со дуел против Германија во Минхен (15 јуни).
По Германците, тие ќе играат против Унгарија во Будимпешта (19 јуни), па со Португалија (23 јуни).