ФУДБАЛ

Бензема го избра својот тим од соништата – Каде се Меси и Роналдо!?

Еден од најдобрите напаѓачи во светот во последната деценија, Французинот Карим Бензема, го состави најдобриот тим на 21 век и изненади многумина.

Две од најголемите фудбалски ѕвезди на овој век, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, ги нема меѓу избраните единаесетмина.

Во тимот на Безема се: Мануел Нојер, Дани Алвеш, Пепе, Серхио Рамос, Марсело, Макелеле, Погба, Зидан, Роналдињо, Роналдо и самиот Бензема.

Како што забележувате, дури седум од 11 фудбалери играа заедно со францускиот напаѓач во Мадрид, но немаше место за Кристијано Роналдо, наместо тоа Бензема се одлучи за “оригиналот” Луис Назарио де Лима Рондалдо.