Она што ниту еден фудбалер не сака да му се случи на Карим Бензема се случува кога Светското првенство е зад аголот.
Бензема ќе го пропушти вечерашниот натпревар против Севиља, ова го потврди кралскиот клуб во краткото соопштение на официјалниот сајт.
Како што пренесува Реал, Бензема утрово бил подложен на тестови по кои било утврдено дека 34-годишниот има проблеми со квадрицепсите на левата нога.
Бензема пропушти добар број на натпревари во септември кога имаше проблеми со десната нога и уште една повреда секако не е она што му треба.
Одличниот Французин, кој пред неколку дена ја освои Златната топка, во досегашните шест натпревари во Ла Лига постигна пет гола.
Одличниот голгетер играше пред неколку дена против Елче кога беше и стрелец, но сега ќе мора да паузира.
Реал не прецизираше колку долго ќе мирува Бензема, а неговата повреда секако е нешто што не и треба на француската репрезентација со оглед на тоа што до почетокот на Светското првенство останува уште еден месец.