ФУДБАЛ

Бензема ја освои Златната топка, а потоа јавно откри каде ќе ја заврши кариерата

Карим Бензема синоќа и официјално беше прогласен за најдобар фудбалер во 2022 година.

Бензема имаше неверојатна сезона во Реал Мадрид и беше најзаслужниот за успехот на кралскиот клуб во освојувањето на Лигата на шампионите и Ла Лига.

Со години беше во сенка на Кристијано Роналдо во Реал, но по заминувањето на Португалецот на сите им покажа за каков играч станува збор, а синоќа во Париз сосема заслужено му беше доделена Златната топка.

Бензема не ја криеше среќата што конечно успеа да ја освои Златната топка за да ја заврши својата неверојатна кариера.

Францускиот напаѓач и по церемонијата во Париз беше во центарот на вниманието на новинарите, а еден од нив го праша за неговата иднина и шпекулациите дека еден ден би можел да се врати во Лион.

Бензема има договор со Реал Мадрид до крајот на оваа сезона, но речиси сигурно ќе биде продолжен бидејќи наводно веќе се договориле за нов договор и јасно е дека тој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Тој синоќа одговори и на прашањето за продолжување на кариерата и на сите јасно им стави до знаење дека ќе остане во Реал Мадрид.

Кариерата ќе ја завршам во Реал Мадрид. Нема други опции во тој поглед“, кратко и јасно изјави најдобриот играч на светот.

Во Лион не кријат дека сонуваат за враќање на Бензема и дека тој ја завршува кариерата во тој клуб, но сега е очигледно дека тоа нема да се случи. Бензема веќе 13 години игра за Реал Мадрид и не е изненадување што сака таму да ја заврши кариерата.

Бензема за првиот тим на Лион дебитираше во 2005 година, а четири години подоцна се пресели во Реал Мадрид за 35 милиони евра и тоа беше најдобриот можен потег за него бидејќи со тој клуб освои се што можеше.

ПОВРЗАНО

Ла Лига