ФУДБАЛ

Бензема, крал на „Сантијаго Бернабеу“

После три последователни натпревари, против Клуб Бриж, Валенсија и Барселона, Реал Мадрид се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ за последен пат во 2019 година, при што Билбао ќе биде гостин.

Нема подобро отколку дома за Французинот оваа сезона и неговите бројки покажуваат колку Бензема ужива да игра на „Бернабеу“.

Десет различни противници го посетија „Бернабеу“ оваа сезона и Бензема постигна гол против сите, освен против два: Клуб Бриж и Реал Бетис.

Не случајно се работи за два меча во кои Мадрид не успеа да победи, како и во мечот против Осасуна на кој беше отутен бројот 9.

Бензема има постигнато 16 голови оваа сезона, од кои 11 на домашен терен.

Атлетик Билбао е неговата омилена жртва

Бензема сака да игра против Баскијците. Тој има постигнато 11 гола против Билбао и Гранада.

Оваа сезона, Бензема се натпреварува со Лионел Меси за Златната копачка во Шпанија.