Од заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во летото 2018 година, Карим Бензема блеска во дресот на Реал.
Тој постигна 30 голови минатата сезона, веднаш по заминувањето на Роналдо, а итсто така и новата сезона 2019/20 ја започна фантастично.
Францускиот напаѓач има постигнато 11 гола на сите натпреварувања на почетокот од оваа сезона, во обид да го изедначи бројот на постигнати голови од минатата сезона.
Поефикасен од Меси и Роналдо
Од заминувањето на Роналдо во 2018 година, само тројца играчи во Европа имаат постигнато повеќе голови од Бензема: Роберт Левандовски (63 погодоци), Лионел Меси (60) и Калјан Мбапе (47).
Но, 41-те гола на Бензема се уште се поимпресивни бидејќи тој 41 гол постигна со само 97 шута, или 2.3 удари по натпревар, помалку од Меси (2.5), Луис Суарез (2.8) и Кристијано (3.2).
Само Левандовски има подобра статистика од Бензема, кој има 1.95 шута по натпревар.