Бензема се повреди вчера, но вистинскиот шок дојде кога тој стигна дома

Written by

in

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера ремизираа на домашен терен против Елче (2:2) во натпреварот од 22. коло на Ла Лига.

Кралскиот клуб со многу среќа успеа да освои бод против Елче бидејќи гостите до 82. минута водеа со 2:0, но потоа Модриќ и Милитао успеаја да му донесат реми на својот тим.

Реал можеше да поведе во 33. минута кога судијата досуди пенал, но Карим Бензема промаши удар од белата точка.

Работата да биде уште полоша, најдобриот играч на Реал се повреди во 58. минута и мораше да го напушти теренот, а на негово место влезе Лука Јовиќ.

Но, тоа не беше крајот на лошите вести за Бензема бидејќи францускиот напаѓач беше пречекан со непријатно изненадување кога пристигна во својот дом.

Имено, кога дошол дома сфатил дека е ограбен, а крадци му упаднале додека тој бил на натпреварот. За среќа во тој момент немало никој дома, а Бензема повикал полиција.

Ова не е првпат домот на Бензема во Мадрид да биде мета на крадци, а овој пат не објави колкава штета и што украле.