Карим Бензема заслужено ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер за претходната година. Но, освен поради ова, тој се најде во центарот на вниманието и поради друга причина, пред се во жолтиот печат.
Имено, на доделувањето на „Златната топка“ беа присутни и неговата сопруга, но и неговата девојка.

Неговата сорпуга Кора Гаултие го доведе синот на Бензема, Ибрахим. Меѓутоа покрај нив во Париз се појави и девојката на фудбалерот, Џордан Озуна, што секако беше изненадување. Медиумите пред извесно време пишуваа дека Бензема е во врска со атрактивната манакенка, но засега официјално не се огласија ниту тој, ниту неговата сопруга.

Сепак, судејќи според она што се случуваше синоќа и нејзиното присуство на оваа церемонија, јасно е дека се повеќе од пријатели.