Францускиот напаѓач Карим Бензема ја освои Златната топка за прв пат во кариерата.
Напаѓачот на Реал Мадрид годинава одлично се снајде на теренот и го предводеше кралскиот клуб до титулите во Лигата на шампионите и шпанската Ла Лига, а на крајот сосема заслужено беше прогласен за најдобар играч на светот.
Свеченото доделување на Златната топка се одржа синоќа во Париз, на кое присуствуваа многу ѕвезди од светот на фудбалот.
Бензема пристигна во друштво на своето семејство, а сите ги воодушеви кога по прогласувањето на победникот на сцената ги покани мајка си Вахида и синот Ибрахим да го прослават освојувањето на Златната топка со нив.
Исто така, напаѓачот на Реал Мадрид беше во центарот на вниманието поради неговиот стајлинг синоќа, кој беше доста интересен.
Бензема синоќа се истакна и кога станува збор за стајлингот и многумина беа воодушевени од неговиот изглед, особено кога дознаа чиј стајл го ископира напаѓачот на Реал Мадрид.
Имено, тој го ископира стајлингот на раперот Тупак Шакур и на тој начин му оддаде почит, а уште еднаш покажа дека е голем љубител на хип хоп музиката.
Karim Benzema came through in the Tupac drip 🥶 pic.twitter.com/Dur5a5KAGA
— GOAL (@goal) October 17, 2022
Легендарниот американски рапер Тупак пред речиси 30 години беше во исто издание на доделување награди, а покрај оделото, Бензема дури носеше речиси исти очила како Тупак во негово време.
Benzema came through with the Tupac drip to the Ballon d’Or tonight. 🤘🏾 pic.twitter.com/rq7Or9XYq3
— Usher Komugisha (@UsherKomugisha) October 17, 2022
https://twitter.com/Bxm2a1/status/1582082268298117122
Тупак е секако еден од најпопуларните рапери на сите времиња, а неговиот живот трагично беше скратен на 13 септември 1996 година, кога беше брутално убиен во пукање што се случи во Лас Вегас.