Поранешниот шеф на Милан, Силвио Берлускони, беше вклучен во кампања за да им помогне на пациентите со коронавирус.
Провинцијата Ломбардија во Италија е позната како најтешко погодена од пандемијата на коронавирус, а беше потребна помош за да се обезбедат дополнителни кревети за интензивна нега.
На крајот, според италијанските медиуми, 83-годишниот милијардер Силвио Берлускони донирал 10 милиони евра потребни за опремување на единицата за интензивна нега од 300 кревети во регионот на Ломбардија.
Италија е водечка земја во Европа по прој на заразени и починати од коронавирус. По инфекција со коронавирус починале над 2.100 лица, додека 1.851 се на интензивна нега.
Додека ситуацијата во Ломбардија не се смири, Берлускони, најде „мир“ во Шатонеуф-Грас, во југо-источна Франција.