Додека се чека одговорот на Килијан Мбапе, Реал Мадрид работи на доведување на уште еден врвен играч.
Според „Calciomercata“, новиот фудбалер на Реал би можел да стане Бернрдо Силва, фантастичен напаѓач на Манчестер Сити.
Силва наводно има голема желба да го облече дресот на Лос Бланкос и размислува за трансфер веќе на лето.
Одличниот Португалец минатото лето беше блиску до заминување од „Етихад“, но на крајот остана и се здоби со реноме на еден од најдобрите играчи на популарните Граѓани.
Тој ги засили редовите на Манчестер Сити пред пет години кога пристигна од Монако за 50 милиони евра и со сигурност може да се каже дека ги оправда вложените пари.
Гвардиола лично го избра за најдобар играч на својот тим неколку месеци подоцна.
„Тој е најдобар. И во сезоната кога пред две или три години постигнавме 98 поени, тој беше најдобар. Погледнете ја снимката и погледнете“, изјави Гвардиола по мајсторијата на Силва против Астон Вила.
Силва оваа сезона е во серија од 10 гола. Последната мајсторија ја изведе минатата недела кога „покри“ една топка и ја затресе мрежата на Спортинг. Нема сомнеж дека е врвен играч.