ФУДБАЛ

Бернардо Силва се збогуваше!

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва ја напушта Англија и очигледно пристигнува во Барселона.

 

Сагата околу преселбата на Силва во Барселона трае веќе со недели и сега Португалецот со проштална порака го најави трансферот во каталонскиот клуб.

 

„Одличен настап на тимот и фантастична атмосфера. Би сакал да им се заблагодарам на сите на стадионот за сите убави моменти и љубовта што ми ја покажавте“, напиша Бернардо на својот Твитер профил.

Португалецот од почетокот исто како и Роберт Левандовски бараше да оди во Барселона и на крајот Пеп Гвардиола и раководството на Сити не сакаа да му прават проблеми.

 

Новинарот Жерар Ромеро тврди дека Бернардо закажал посета на Барселона за да ги види куќите следната недела, а остануваат уште ситници пред да се официјализира неговиот трансфер во Барса.

 

Покрај Силва, Барселона до крајот на неделата ќе го доведе и Марко Алонсо со што би се комплетирал ростерот за новата сезона.

 

Во првиот лигашки натпревар, Барса разочара во саботата навечер, играјќи само 0:0 со Рајо Ваљекано пред полните трибини на својот стадион.

ПОВРЗАНО

АБА Лига