Бернардо Силва со години е еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити и еден од хероите за пласман во финалето на Лигата на шампионите.
Португалскиот играч за врска постигна два гола против Реал на „Етихад“, а оваа сезона има седум гола и осум асистенции на 54 натпревари во сите натпреварувања.
Силва е еден од најстандардните и најомилените играчи на Пеп Гвардиола, а во клубот е од летото 2017 година, кога пристигна од Монако за 50 милиони евра.
Сепак, тој би можел да го напушти Манчестер Сити ова лето. Силва наводно им кажал на пријателите дека ја донел одлуката и дека бара нов предизвик. Неговиот договор со Сити трае до летото 2025 година, што значи дека потенцијалниот купувач ќе треба да му плати на Сити 80 милиони евра.
Најголем интерес за него веќе подолго време покажува Барселона, но во трката би можел да се вклучи и ПСЖ. Така Силва би можел да го одигра својот последен натпревар за Сити во саботното финале во Лигата на шампионите против Интер.
