Познатата британска голферка Чарли Хал (28) беше меѓу фаворитите за медал на Олимписките игри во Париз, но сега по три дена натпреварување се најде на чело на најлошите натпреварувачки и најде причина за тоа. Имено, Меѓународниот олимписки комитет го забрани пушењето цигари на спортистите за време на Олимписките игри, а токму тоа ја чинеше Хал добар пласман.
Хал мислеше дека може да освои медал за Велика Британија, но забраната за пушење цигари ја спречи во тоа, а пред последниот ден од натпреварувањето беше само на 54. место од 60 натпреварувачи.
-Навикната сум да пушам цигари додека играм поради мојата здравствена состојба, вели таа.
На Хал минатата година и беше дијагностицирано пореметување со дефицит на внимание и хиперактивност (АДХД), а пушењето цигари и помага подобро да се концентрира, а на големите турнири често ја гледаат со цигара во устата за време на натпреварот.
