Португалскиот играч за врска Ренато Санчес (23) би можел да направи уште еден голем трансфер.
23-годишниот играч за врска на Лил има навистина одлична сезона зад себе во редовите на францускиот шампион, а играше многу добро и на Европското првенство.
Неговите настапи го привлекоа интересот на англиските великани Арсенал и Ливерпул. Л’Екип тврди дека и двата тима се заинтересирани за неговиот потпис и ќе се обидат да го донесат во текот на летниот преоден рок.
Санчс веќе има еден голем трансфер зад себе. Тој пристигна во Баерн во 2016 година на помалку од 19 години, а Баерн издвои 35 милиони евра за него, со можност трансферот да порасне на нереални 80 милиони евра.
Сепак, на Санчес не му одеше најдобро во Минхен. Една година подоцна замина на позајмица во Свонси, а потоа по уште две слаби сезони во Баерн замина во Лил.
Одењето во Франција се покажа како вистински потег. Санчес се „оживеа“ во овој клуб, па не е ни чудо што европските великани повторно се интересираат за него.
Ќе видиме дали овој 23-годишен играч за врска завршува во Премиер лигата или на крајот ја продолжува својата кариера на друго место, но она што е сигурно е дека тој ќе има одлични понуди да ја продолжи својата кариера.
Португалецот е обврзан со договор за Лил до летото 2023 година, а неговата пазарна цена е 30 милиони евра.