ФУДБАЛ

Беше sвезда на Тотенхем, денес нема пари да плати вода и струја

Поранешната руска фудбалска sвезда Роман Павличенко денес живее сосема поинаков и потежок живот.

Поранешниот руски репрезентативец играше за Тотенхем од 2008 до 2012 година, сепак беше член на руски великани како Спартак и Локомотив Москва, а денес се соочува со бизарни проблеми.

Тој беше тужен за 400 евра за неплатени сметки за струја и вода, пренесоа руските медиуми.

Иако заработи милиони евра во својата кариера, сега е во неволја поради долгови од – 400 евра.

Тој во моментов игра фудбал во третолигашот Замнаја од Ногинск и се чини дека потрошил сè што заработил во текот на својата кариера. Многу играчи кои заработуваат цело богатство играјќи фудбал, лесно стигнуваат до „црвената зона“, но се чини дека Павличенко претера.