Само неколку дена откако стана првак на Турција, Бешикташ успеа да ги заврши преговорите за ангажман на македонскиот фудбалски талент Бесарт Гуџуфи. Младинскиот репрезентациец на Македонија и досегашен член на Беласица од следната сезона ќе настапува во Турција. Според информациите Бешикташ ги победил Трабзон и Динамо Загреб во трката за новиот македонски фудбалски дијамант, кого во Турција го споредуваат со Елиф Елмас кој блескаше во Фенербахче, кој потоа за 17 милиони го продаде на Наполи.
-Среќен сум што дојдов во најдобриот тим во Турција. Од денеска мојата цел е да бидам се подобар и подобар на секој нареден натпревар и да го дадам максимумот во дресот на Бешикташ, изјави Гуџуфи.
Според информациите Гуџуфи ќе има месечна плата од 8000 евра, а договорот е за наредните пет години.