Фудбалерите на Тотенхем синоќа беа срамно поразени на гостувањето кај Спортинг со 2:0.
Секако, натпреварот се играше во рамките на 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, а гостите од Англија беа апсолутни фаворити.
Фудбалерите на Тотенхем одиграа одлично, но се чинеше дека им недостигаше концентрација за да постигнат гол за водство.
Од друга страна, фудбалерите на Спортинг трпеливо ја чекаа својата шанса, а ја добија на крајот од натпреварот.
Тие своите два гола ги постигнаа во последните моменти од натпреварот. Прво во 90. минута по корнер, а потоа во 94. минута по контранапад.
По се што се случи, утрово Конте како казна за фудбалерите наместо слободен ден закажа тренинг ден по натпреварот.
Тие утринава во 11 часот имаа тренинг како подготовка за натпреварот со Лестер кој ќе го одиграат следниот викенд.
Навистина ретко се случува тренерите да го прават тоа во Англија, но кога нивните играчи не покажуваат доволно желба, тогаш ваквите работи не треба да изненадуваат.
Конте беше лут по натпреварот, но само накратко го прокоментира поразот на својот тим.
„Кога ќе изгубите ваков натпревар, на овој начин, не можете да бидете среќни. Можевме да постигнеме гол, не знам што ни се случи. Едноставно немаше рамнотежа во играта“, рече Конте.