Карпош Соколи утре на домашен терен (17 часот) го пречекува Естонски Калев во рамки на првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Влезот за натпреварот меѓу Карпош Соколи и Калев е слободен, а управата ги повика сите љубители на кошарката да го поддржат клубот. Натпреварот меѓу македонскиот и естонскиот претставник во Лигата на шампионите се игра од 17.00 часот.