ФУДБАЛ

Бетис има високи амбиции, пристигнува sвездата на Челзи?

Реал Бетис има големи амбиции кога станува збор за следната сезона.

Претседателот на клубот, Ангел Харо, откри за медиумите во Шпанија дека дресот на Бетис и следната сезона ќе го носи Набил Фекир, за кој се заинтересиран многу клубови, но нема да остане на тоа.

Амбициите на Бетис се потврдени со најновите информации што се појавија во шпанските медиуми, а тоа е дека би можел да пристигне и Педро Родригез.

Бетис би можел да ја добие поранешната sвезда на Барселона целосно бесплатно, со оглед дека Педро сè уште не го продолжил договорот со Челзи, а веќе се воспоставени контакти меѓу двете страни.

„Доаѓањето на играчи како Педро би бил голем чекор кон постигнување на целите“, велат шпанските медиуми.

Ако Бетис сака навистина да го доведе Педро, тој ќе мора да биде подготвен за жестока конкуренција, затоа што договор му нуди и Рома.