Реал Бетис е хит во шпанската Примера.
Овој тим по 21 натпревар е на третата позиција со 37 бодови и многу лесно може да се случи следната сезона да ги видиме во Лигата на шампионите.
Така по се изгледа мислат и челниците на клубот од стадионот Бенито Виљамарин, со оглед на тоа што целат на големо засилување од Манчестер Сити.
Според медиумите во Велика Британија, на мета на Бетис е Олександр Зинченко, кого шпанскиот тим сака да го позајми до летото 2023 година.
Сепак, на „Етихад“ повеќе би сакале новиот клуб на Зинченко целосно да го откупи неговиот договор кој е со важност до летото 2024 година. Според Трансфермаркт, Зинченко вреди 25 милиони евра.
Да потсетиме, Украинецот пристигна во Сити во 2016 година од руската Уфа, беше позајмен во ПСВ, а кариерата ја започна во Шахтјор Доњецк.
Зинченко оваа сезона одигра 12 натпревари во сите натпреварувања за тимот на Пеп Гвардиола и забележа две асистенции.