Поранешниот дефанзивец на Барселона , Жерар Пике, беше дециден дека клубот не плаќал судии, целосно негирајќи ги сите обвинувања кон шпанскиот гигант во последните денови.
„Би ја ставил раката во огнот дека Барселона не ги подмитувала судиите“, изјави Пике во интервју за „RAC1“, а потоа додаде:
“Колку и да сакаат да клеветат, тоа беше златна ера. Не само во однос на освоените титули, туку како се освоени. Се може да се преиспита – бевме многу подобри од другите. За добро или лошо, не се смета на судиите“.
* Во периодот опфатен со истрагата, Барселона освои 9 титули во Ла Лига, 6 Копа дел Реј и 4 трофеи во Лигата на шампионите!
