Барселона не успеа да стигне до победа против градскиот ривал Еспањол во 19. коло од шпанската Ла Лига.
Барсело вечерва не успе да остане сама на врвот на табелата, но и покрај тоа повторно е на врвот, но само поради подобрата гол разлика, бидејки заедно со Реал имаат по 40 бодови.
Лопез го отвори резултатот во 23 минути игра, и го доведе Еспањол до водство од 1-0.
Барса постигна два брзи гола направи пресврт на резилтатот. Луис Суарез во 50. минута и Артуро Видал во 59. минута, ја вратија Барса на победничкиот пат, 2-1.
Херојот на Епоњол беше, Ву Леи кој во 88. минута го изедначи резултатот и ја спречи Барса да остане сама на врвот на табелата.