Во последните петнаесет години фудбалот ја одбележа ерата на ривалство со двајца од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Роналдо играше за Јувентус по заминувањето од Реал Мадрид, а сега е во Манчестер Јунајтед, додека Меси летово ја напушти Барселона по 21 година и го засили ПСЖ.
Француските медиуми утрово ја пренесоа сензационалната вест дека ПСЖ ја следи ситуацијата околу Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед и дека со голема радост ќе го доведат во своите редови доколку се укаже прилика.
По години и години ривалство, Меси и Роналдо заедно би ја делеле соблекувалната и тоа би било вистински спектакл за сите љубители на фудбалот.
Двајцата имаат договори со своите клубови до летото 2023 година, па ПСЖ во случај да реши да го донесе Роналдо на лето, би морал да им исплати на „црвените ѓаволи“ одредена сума пари на име обештетување.
Да потсетиме, Португалецот имаше ветувачки старт на сезоната, но набрзо лошите игри не само тој, туку и целиот тим доведоа до гласини дека може да ја промени средината на лето.
Манчестер Јунајтед е само седми на табелата во Премиер лигата со 31 бод. Тимот предводен од Ралф Рангник досега оствари само девет победи, четири нерешени и дури шест порази. На Јунајтед не му оди, постои оправдан страв да не ја освојат ниту Лигата на шампионите, а Роналдо како што знаеме не е навикнат на порази.
Така, заситен од ситуацијата во Манчестер Јунајтед, Роналдо би можел да го испрати својот агент Жорге Мендеш да бара нова прилика за него, а шпанските медиуми пред неколку дена ја пренесоа и веста дека би можел да ја засили Барселона.