Фудбалерите на Барселона вечерва ќе играат на гости кај Ајнтрахт Франкфурт во четвртфиналниот натпревар од Европската лига.
Каталонскиот клуб вечерва го очекува првиот натпревар од четвртфиналето на Европската лига, а јасно е дека Барселона е голем фаворит за на крајот да се пласира во полуфиналето од ова натпреварување.
Барселона вчера одржа прес-конференција пред натпреварот против Франкфурт, а покрај тренерот Чави Ернандез, пред медиумите се обрати и напаѓачот на каталонскиот клуб Феран Торес.
Секако, и овој пат една од главните теми беше Усман Дембеле кој игра во одлична форма во последно време, но се уште не одлучил дали ќе го продолжи договорот со Барселона.
За ситуацијата со Дембеле, новинарите вчера го прашаа и Торес, кој даде многу јасен одговор и го откри својот став во однос на францускиот репрезентативец.
„Би го киднапирал само за да остане во Барселона. Ова е еден од најголемите клубови во светот и најдобар избор за него како фудбалер. Сепак, има некои работи во кои не треба да се мешаме. Тоа е негова одлука и што и да е. „Му посакувам се најдобро“, изјави Торес.
Дембеле е стандарден во тимот на Чави во претходните два месеци и игра веројатно во најдобра форма откако пристигна во клубот во 2017 година.
Иако неколку пати одби да го продолжи договорот, се чини дека се предомислил бидејќи неодамна му рекол на својот агент повторно да почне преговори бидејќи сака да остане во Барса, но прашање е дали ќе се согласи со платата што ја нуди клубот. .