ФУДБАЛ

„Би сакал ФИФА да го повлече дресот со број 10 во сите екипи”

Предвременото заминување на легендарниот Диего Марадона ги погоди љубителите на фудбалот ширум светот.

Скоро нема спортист кој не се збогува со Марадона, а тренерот на Марсеј, Андрес Вилаш-Боаш, синоќа испрати интересен предлог до Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Тој е за фактот дека во чест на Марадона, никој повеќе да не го носи дресот со број 10 во ниту еден тим во светот.

“Би сакал ФИФА да го повлече дресот со број 10 во сите натпреварувања и во сите тимови. Тоа би бил најдобриот начин да му се оддаде чест. Ова е голема загуба за фудбалскиот свет”, рече Вилјаш-Боаш.

Тешко е навистина да се поверува дека ФИФА ќе донесе одлука за ваков потег, но сосема е сигурно дека ќе се најде начин Диего да стане легенда засекогаш.