Легендарниот италијански дефанзивец Марко Матераци се потсети на неверојатната сезона што Интер ја имаше во 2010 година кога освоија тројна круна.
Интер е еден од ретките клубови што успеа да освои тројна круна, а тие успеаја во сезоната 2009/10. Клубот од „Меаца“ тогаш ја освои Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампиони.
Матераци беше стандарден првотимец на тимот предводен од Жозе Мурињо. Тој се потсети на таа сезона и ја искористи можноста да ги „прободе“ сите навивачи на лутиот ривал Јувентус.
“Тогаш одигравме три финалиња. Го освоивме Скудетото со победа против Сиена, Купот на Италија со победа против Рома и во финалето на Лигата на шампионите го победивме Баерн. Можам да кажам дека би се самоубил ако би ги загубиле сите тие финалиња тогаш. Не можам да издржам порази во финалето и едноставно сум таков“, рече Матераци, додавајќи.
“Јас не сум како играчите на Јувентус што навикнаа да ги губат во финале. Навистина доминиравме таа година и никој во Италија нема да го стори тоа повторно. Тоа е година што ќе ја паметиме засекогаш.”