Според „Тутопорт“, искусниот играч од средниот ред Лукас Биглија се сели во Торино.
Биглија е фудбалер на Милан, но поранешниот играч од средниот ред на Лацио ја загуби довербата во „Сан Сиро“ и беше јасно дека клубот ќе се обиде да се ослободи од него уште ова лето.
На крајот, Милан реши да го пушти, затоа што станува слободен агент, па Биглија повторно ќе работи со тренерот Марко Џампаоло.
34-годишниот играч е поврзан со евентуално враќање во Аргентина, а сега, наводно, постигнал личен договор со Торино, каде заминува без надомест. Неговиот договор со Милан официјално завршува подоцна овој месец.
Се проценува дека Торино ќе го плаќа Биглија два милиони евра по сезона.
Тој одигра само 14 натпревари за Милан оваа сезона, но не се запиша како стрелец.