ФУДБАЛ

Билд: По Лука Јовиќ и Анте Ребиќ се сели во Мадрид

Ајнтрахт Франкфурт го продаде Лука Јовиќ на Реал Мадрид за 60 милиони евра, а сега уште еден играч на клубот може да заврши во главниот град на Шпанија.

Германскиот „Билд“ известува дека Анте Ребиќ би можел да заврши во Мадрид, но во Атлетико, кој бара замена за Антоан Гризман.

Ребиќ одигра 38 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 10 гола за Ајнтрахт, и овој клуб, бара 40 милиони евра за него. Ако тоа се случи, Ајнтрахт Франкфурт ќе добие 100 милиони евра од двајца играчи.

„Билд“ нагласува дека Ребиќ совршено се вклопува во системот на играта на Диего Симеоне кој се базира на контра-напади, но сигурно е дека Ајнтрахт тешко ќе го задржи хрватскиот репрезентативец, за кој се интересирал и Интер.