Блокирани улици и стотина полициски служвеници распределени се и задолжени за мир на вечерашниот фудбалски натпревар Пелистер – Вардар.
Натпреварот е прв кој ќе се одигра под рефлектори на стадионот под Тумбе кафе, откако беше изградена и трибината, со што се исполнија и условите за гостински навивачи.
Чкембари и Комити се веќе на стадионот, а градот е во очекување на фудбалскиот спектакл. Денеска во Битола исто како да беше празник. Градот живееше во зелено-бела боја.
Иако и двете екипи се на дното од табелата во ПМФЛ натпреварот тоа не го прави ни помалку неинтересен.
Почетокот е закажан за половина час, односно од 19 часот.
