Коронавирусот им направи огромни проблеми на неколку клубови од Серија А, поради што нема да се одиграат неколку натпревари.
Меѓу најзагрозените е Болоња, која доби наредба да биде изолирана од локалниот кризен штаб (АСЛ), поради што нема да се одигра натпреварот со Интер.
Но, главниот проблем во Италија е лошата комуникација меѓу кризниот штаб и Серија А, која нареди да се игра натпреварот, па екипите се обврзани да се појават на стадионот.
Така на стадионот Дал’Ара пристигнаа официјалните лица на натпреварот и експедицијата на Интер. Гостите исто така се загреваа и ќе чекаат 45 минути од натпреварот, по што ќе се слушне последниот свиреж на судијата.
Од натпреварите планирани за денеска, уште нема да се одиграат натпреварите Аталанта – Торино, Салернитана – Венеција и Фиорентина – Удинезе.