ФУДБАЛ

Бизарна сцена: Наместо судијата, фудбалерот му покажа картон на противникот (ВИДЕО)

Необична сцена се случи вчера на натпреварот од колумбискиот шампионат меѓу Америка Де Кали и Петролер.

Домашната екипа славеше победа од 2:1. Англо постигна три поени во 96. минута од натпреварот, а две минути подоцна се случи прилично бизарен момент.

Судијата му покажа жолт картон на играчот на Петролер, Јаир Молини, но картонот му падна на теренот.

Тогаш на сцена стапува играчот на домашната екипа Марлон Торес. Тој го зеде картонот од тревата и му го покажа на противничкиот играч.

Потоа му го предаде картонот на судијата кој исто така го „казни“ играчот, но интересно е како Торес помина без предупредување за стореното, иако играчите на Петролер сугерираа дека и Торес треба да добие картон.