Интересна сцена се случи денеска на натпреварот од англиската Премиер лига помеѓу Лестер и Челзи.
Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер го постигна водечкиот гол за Плавите, а при прославата на голот се случи интересен детал.
Рудигер решил да го гризне на глава соиграчот Рис Џејмс и на крајот тоа го направил за време на групна прегратка.
На социјалните мрежи се воодушевени од овој потег, но секако се е само обична шега за време на прославата.
JAJAJAJAJAJA ESTÁS LOCO ANTONIO 💛 https://t.co/PsI4AKScwT
— Chelsea Uruguay (@CFCUruguay) November 20, 2021
Рудигер игра навистина одлична сезона во дресот на сините од Лондон, но очигледно од следната сезона нема да биде жител на Стемфорд Бриџ.
Интересот за неговите услуги е огромен. Баерн, Реал Мадрид и ПСЖ сакаат да го видат во своите редови и сигурно е дека ќе си замине од Челзи.
Неговиот договор со овој тим истекува на крајот од оваа сезона.