Неверојатна приказна од Бразил каде фудбалерите на некој начин „размениле“ девојки со кои имаат деца.
Навикнати сме бразилските фудбалери да имаат луди и комплицирани приказни како Хулк кој ја изневерил жената со нејзината братучетка, но и Едер Милитао и Лео Переира успеаја да го надминат. Како што пишуваат бразилските медиуми, тие двајца се во „љубовен квадрат“ со две убавици, кои на крајот – практично се „размениле“, колку и да звучи грдо.
Каролина Лима
Што е точно се случува? Едер Милитао (Реал Мадрид) ја раскина врската со Каролина Лима, веднаш откако таа ја роди нивната ќерка, а тој влезе во романтични води со Таина Кастро – неодамнешната девојка на Лео Переира (Фламенго). Звучи комплицирано? Па, тоа е, особено ако се знае дека Переира има две деца со Кастро, а сега започна љубовна врска со веќе споменатата Каролина Лима, бившата на Едер Милитао (!?).
Ние сме збунети како вас, но и целата јавност во Бразил. „Ситуацијата е во најмала рака бизарна“, пишуваат тамошните медиуми и додаваат дека не паметат ваков случај, но велат дека љубовта не бира…
Тиана Кастро
