Финскиот бизнисмен, инвеститор и филантроп Томаш Зилијакус ја повлече својата понуда да го купи Манчестер Јунајтед. Тој ја објасни својата одлука со тоа што доцнењето на целиот процес на продажба ќе му отежне на новиот сопственик да изгради борбен тим за следната сезона 2023/24!
“Се повлеков од наддавањето во третиот круг на наддавање. Главната причина е доцнењето на целиот процес. Со ова доцнење, на секој нов сопственик ќе му биде многу тешко да изгради победнички тим за следната сезона. Реално, следната кампања ќе биде губење пари без реални изгледи за враќање во рок од најмалку 18 месеци“, образложи 69-годишниот Зилијакус на социјалните мрежи.
Тој беше еден од неколкуте кандидати со голема финансиска поддршка, заедно со британскиот милијардер Џим Ретклиф, основач на производителот на хемикалии INEOS, и шеикот Џасим Бин Хамад Ал Тани, кој е син на поранешниот премиер на Катар.
Понудата на Финецот со седиште во Сингапур беше 4 милијарди долари, објавија азиските медиуми, без да наведат извори. Инаку, човекот кој потекнува од солидно семејство на политичари и револуционери против руското владеење во Финска во 19 век е многу страствен за фудбалот. Четири години беше претседател на ХИК Хелсинки во својата татковина, а по преселбата во Азија почна да работи како извршен директор во сингапурскиот клуб Jeylang International.
Неговата деловна кариера започна како менаџер на телекомуникациската компанија Нокиа, а кога се пресели во Азија како комерцијален директор на Нокиа, реши да се разграни и да основа онлајн платформа и компании за е-трговија.
