ФУДБАЛ

„Благодарам Гризман, го исполни сонот на двајца мали навивачи“

Антоан Гризман го најави претстојното Европско првенство на одличен начин.

Фудбалерот на Барселона постигна спектакуларен гол со ножички за водство на Франција против Бугарија на мечот што „триколорите“ го добија со 3:0.

По фудбалскиот натпревар на кој играше, Гризман на трибините израдува двајца млади навивачи:

“Благодарам Антоан Гризман. Вечерва ги исполни соништата на двајца мали навивачи”, е пораката што фудбалерот на Барселона ја доби по натпреварот.

Гризман синоќа го одигра 91-от натпревар во репрезентативниот дрес и го постигна својот 37-ми гол.

Репрезентацијата на Франција на ЕУРО е сместена во група со Германија, Унгарија и Португалија.

Изборот на Дидие Дешамп го отвора шампионатот следниот вторник со дуел против Германија во Минхен (15 јуни).

По Германците, тие ќе играат против Унгарија во Будимпешта (19 јуни), и потоа дуел со Португалија (23 јуни).