Фудбалерот на Манчестер Сити, Ајмерик Лапорте, вчера на натпреварот против Саутемптон доживеа тежок удар и расекотина на бутниот мускул.
Лапорте беше жртва на жесток старт на играчот на Саутемптон, Стјуарт Армстронг и доживеа прилично незгодна расекотина.
ВАР го прегледа овој старт на мечот на Армстронг, но на крајот тој мина без црвен картон и доби жолт.
Шпанскиот репрезентативец по натпреварот на социјалните мрежи му се заблагодари на противникот.
„Благодарам за сувенирот“, му порача Лапорте на играчот на Саутемптон.
https://twitter.com/Laporte/status/1484978822219026437
Стартот можете да погледнете ТУКА .