Последното коло за оваа година, 17. коло во Серија А го затворија екипите на Сасуоло и Наполи.
Наполи го оправда статусот на фаворит на овој натпревар.
Гостите со пресврт во судиското надополнување дојдоа до победа.
Домаќините покажаа одлична игра и први стигнаа до водство, Траоре со гол во 29. минута ги доведе домаќините до водство.
Гостите до привиот гол стигнаа преку крилата на Алан во 57. минута, а херој на натпреварот беше Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во 94. минута.