Манчестер Сити вечерва ја изгуби трката за титулата шампион на Англија.
На вечерашниот натпревар помеѓу Челзи и Манчестер Сити, избраниците на Лампард славеа победа од 2:1.
Со оваа победа на Челзи, Ливерпул стана шампион на Англија, за прв пат по 30 години.
Ливерпул оваа сезона одига фантастично, на 7 кола до крајот на првенството има предност од 23 бода, пред Манчестер Сити.
Резултатот на вечерашниот натпревар го отвори Пулишќ во 36. минута за водство на Челзи, потоа Де Брујн изедначи во 55. минута, а пресудниот гол го постига Вилијан од пенал во 78. минута.