Претставници на Челзи почнале преговори со Лоран Блан, кој неочекувано изби во прв план за менаџерската функција во клубот од Стемфорд Бриџ.
Иако се сметаше дека Маурицио Сари е наследникот на Антонио Конте, неговото ангажирање е доведено во прашање откако Наполи објави дека нема намера да се откаже од откупната клаузула во неговиот договор.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лауирентис изјави дека и покрај фактот што Сари повеќе не е тренер, неговиот иден клуб ќе мора да плати обештетување од осум милиони евра, а дополнителен проблем за Челзи е и сумата од девет милиони што треба да му се исплати на Конте за предвремен раскин на договорот.